Црна Гора

Црна Гора со новиот закон за игри на среќа и наградни игри значително ќе ги зголеми давачките и ќе ги заостри условите за добивање концесија. Ќе се воведе и регистар на лица што нема да можат да играат игри на среќа. Како што објави порталот „Подгорица њуз“, предлог-законот за Министерството за финансии, со кој се очекува да донесат двојно повеќе пари во буџетот од претходно, го подготвиле група експерти од Белград.
Предлогот предвидува зголемување на месечната фиксна претплата за обложувачниците за 60 отсто, додека варијабилниот надомест ќе биде двојно зголемен. На организаторите им се наметнуваат построги услови и повисоки износи на задолжителна основна главнина и издавање потврди за добивка.
Министерството ќе води регистар на исклучени лица преку кој ќе се забранува пристап до коцкарските простории за повеќе категории. Забраната е наменета за членови на домаќинството корисници на социјална помош, зависници од коцка, редовни студенти што имаат стипендија и лица на кои им се суди за неплаќање алиментација.
Минималното растојание меѓу казиното и обложувачницата од училиштето ќе биде 200 метри, што ќе го определи катастарот, а не организаторот.
Основачкиот капитал на државната лотарија не може да биде помал од половина милион евра и банкарска гаранција од 150.000 евра.