фото: Фејсбук

Советот за безбедност на Обединетите нации доби пет нови непостојани членки, бидејќи Албанија, Бразил, Габон, Гана и Обединетите Арапски Емирати официјално ги презедоа нивните позиции, бидејќи добија доволно гласови на изборите во јуни, пренесува АП.

Амбасадорите одржаа кратки воведни говори, ги кренаа знамињата на нивните земји заедно со другите земји членки на Советот за безбедност на ОН, а потоа се фотографираа за групна фотографија со маски, поради пандемијата на коронавирус.

Советот за безбедност на ОН има 15 членки и се смета за негово најмоќно тело, во кое постојани членки со право на вето се Кина, Франција, Русија, Велика Британија и САД.

Останатите 10 членови на тоа тело ги избира Генералното собрание на ОН од редот на неговите 193 членки со мандат од две години, но според одреден регионален распоред.

Естонија, Нигерија, Свети Винсент и Гренадини, Тунис и Виетнам ги завршија своите мандати во петокот, на последниот ден од старата година.

Албанија првпат е членка на Светска банка, Бразил по 11 пат, додека Габон и Гана по трет пат, а ОАЕ по вторпат.

Повеќе од 50 земји-членки на ОН никогаш не биле избрани за непостојани членки на Советот за безбедност на ОН од основањето на ОН во 1946 година.