Подготвил: Марјан Велевски

Долгогодишниот спор меѓу двете соседни балкански држави Хрватска и Словенија во врска со спорниот Пирански Залив се чини е пред конечно решение. Ако се суди според изјавите на двајцата премиери Јанез Јанша и Андреј Пленковиќ по средбата во Загреб, на која разговарале и за зајакнување на соработката во областа на енергетиката, на повидок е решение за риболовниот режим на границата меѓу двете земји. Домаќинот, Пленковиќ, на заедничката прес-конференција рече дека разговорите за демаркација продолжуваат на ниво на министри за надворешни работи и дека постојат привремени модели како да им се олесни на рибарите од двете земји додека не се најде трајно и конечно решение.
Оптимист сум дека во скоро време ќе дојдеме до решение. Односите на границите треба да се релаксираат и да престанат да бидат товар за словенечките и хрватските рибари, бидејќи нивниот однос може да се реши на побениген начин од полициски казни – рече Пленковиќ и додаде дека некои прашања мора да се остават и за идниот мандат на премиерот Јанша, кого на крајот на април го очекуваат парламентарни избори.
Двајцата премиери повторно го пофалија подобрувањето на односите меѓу двете земји за време на нивните мандати.