Фото: Фејсбук/Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама вели дека Бугарија ја киднапирала Европската Унија.

Тој рече дека денеска имал опсежни разговори со лидерите на Србија и Македонија за учество на претстојниот Самит на ЕУ.

– Денес опширно разговаравме со лидерите на Србија и Северна Македонија за претстојниот Самит на ЕУ – напиша Еди Рама на Твитер.

„Изгледа како уште едно „Не, извини!“. Она што на крајот ќе го слушнеме. Целата Унија, киднапирана од Бугарија, не е добар спектакл за гледање. Што да се прави таму?“, праша Рама.

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски, српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама одржаа вонреден состанок на „Отворен Балкан“, а во пресрет на самитот ЕУ – Западен Балкан. Тие најавија дека утре претпладне ќе ја донесат финалната одлука дали ќе учествуваат на самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел.