Фото: Социјални мрежи

Косово и тензичната ситуација на северот на Косово била една од главните теми на кои се разговарало на средбата во четири очи меѓу премиерот Еди Рама и Педро Санчез, премиер на Кралството Шпанија, кој денеска престојува во Тирана во рамки на официјалната посета на Западен Балкан.

-Ситуација која доцна синоќа имаше сосема неразумна ескалација. Владата на Косово има право, но и должност да ги спроведува договорите со практикување на територијалниот суверенитет што произлегува од независноста во администрацијата на државата. Договорите постигнати со другата страна се договори што треба да се извршат, а не да се дискутираат – рече Рама на заедничката прес-конфренција со Санчез.

Toj ја нарече неразумна ескалацијата на ситуацијата на северот на Косово и го повикa српскиот претседател Александар Вучиќ „да не храни одредени групи на северот на Косово со какво било алиби или оправдување“.

-Ги повикувам властите во Белград и претседателот на Србија да не даваат никакво алиби или оправдување на одредени групи на северот на Косово кои од свои причини се противат на спроведување на договор кој е валиден, и за давање поголем кредибилитет на дијалогот Косово-Србија – вели Рама.

Додаде дека го поздравува 30-дневното одложување на имплементацијата на овој договор, што било поздравено од шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и побарано од САД.

Со Санчез, рече Рама, разговарал и за независноста на Косово, но „одлуката на Шпанија да не ја признае независноста на Косово останува непроменета, тоа е поради причини поврзани со самата Шпанија“.