Бугарија

Министерот за одбрана на Бугарија, Стефан Јанев, вели дека нема потреба да се распоредуваат војници на НАТО во неговата земја како одговор на трупањето на руските војници во близината на границата со Украина. Министерот Јанев во објава на Фејсбук напиша дека таквата одлука нема да одговара на интересите на НАТО, ниту на националните интереси на Бугарија.

Јанев ги потврди извештаите дека различни опции за одговор се дискутираат во НАТО, вклучувајќи и распоредување дополнителни трупи во земјите-членки Бугарија и Романија како дел од стратегијата „Засилено напредно присуство“ на Алијансата.
– Овие процеси бараат унифициран пристап на НАТО, но без непотребно ескалирање на тензиите. Мојот став е дека таквиот пристап има потенцијал да доведе до непожелно зголемување на тензиите во регионот – вели Јанев, додавајќи дека Бугарија е подготвена да го зголеми капацитетот на сопствените национални сили на нејзината територија во контекст на одбранбените способности на Алијансата.