Фото: Пиксабеј / Илустрација

Рано утринава, во 6.05 часот, со работа запре Петтиот блок на нуклеарната централа Козлодуј во Бугарија, соопшти централата на својот сајт.

Во соопштението се наведува дека нема промена во состојбата со радијацијата во Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петтиот блок е исклучен од енергетскиот систем на Бугарија поради дефект во системот за покревање на генераторот и е активирана заштитата во ненуклеарниот дел.

Реакторот е исклучен и активирана е заштитата за итни случаи.