foto (Pixabay)

Во Швајцарија денеска почнува судски процес против банката „Кредит Свис“ (Credit Suisse), обвинета за перење пари на бугарска криминална група за шверц со кокаин. Наводно банката испрала милиони евра, од кои дел биле донесени во куфери, пренесе МИА.

Според Обвинителство, втората по големина банка во Швајцарија и еден од нејзините поранешни вработени не ги презеле неопходните мерки за да ги спречат бугарските шверцери на дрога да скријат и да исперат речиси 55 милиони во периодот од 2004 и 2008 година.

Швајцарските медиуми наведуваат дека огромните суми биле платени лично од Евелин Банев, водачот на групата, а истрагата почнала пред 14 години. Обвинението е на повеќе од 500 страници и се фокусира на поврзаноста на поранешна вработен во банка со Банев и неколку негови соработници, од кои двајца се обвинети. Второто обвинение е против поранешна вработена во банката, која овозможила перење на парите и според швајцарските медиуми, таа била родена во Бугарија.