Фото: Влада

„Во понеделник наутро ќе поднесеме оставка“ изјави премиерот Кирил Петков, чиј кабинет падна по вчерашното гласање, пренесува „БГНЕС“.

За недоверба на владата предводена од Петков гласаа 123 пратеници, против се 116, воздржани немаше.

Гласањето го поднесе ГЕРБ поради економските неуспеси на Владата.

Петков престојува во Брисел каде што учествува на Самитот на лидерите на Европската Унија и Западен Балкан. Коментарот тој го даде пред бугарските новинари кои го чекаат.

Шефот на државата ги започна консултациите со пратеничките групи за врачување на мандатот за формирање нова Влада откако премиерот ќе поднесе оставка од актуелната влада во Националното собрание. Постапката е во согласност со чл. 89 од Уставот.

Кирил Петков веќе неколку пати изјави главниот состав на новата Влада ќе биде ист.