Црвениот крст на Грција, утрово од Атина ја испрати четвртата хуманитарна помош до Украина, овој пат околу 50 тони, јави дописничката на МИА од Атина.

Камионите полни со храна, санитарен материјал, покривки, вода, генератори и слично, директно ќе заминат за Одеса.

Вчера, во Одеса пристигна дополнителна хуманитарна помош која ја пречека генералниот конзул на Грција, а заедно со денешната се под покровителство на грчкото Министерството за надворешни работи.