Фото: Архива

Од 1 мај се укинуваат ковид-ограничувањата за влез во Бугарија, за лица кои пристигнуваат од други држави. Тоа го објави министерката за здравство на Бугарија, Асена Шербезова со наредба издадена денеска.

До 1 мај, на лицата кои пристигнуваат од други земји на територијата на Бугарија, им е дозволено со приложување на валиден дигитален ЕУ-сертификат за ковид-19 за вакцинација, за прележана болест или сличен документ што содржи такви податоци.