Советот на Европа ја откажа својата набљудувачка мисија за локалните избори во Албанија, поради безбедносни закани и нејаснотии во врска со организирањето на изборите

Се работи за мисија на набљудувачи, кои треба да го следат изборниот процес на 30 јуни, на кои албанската опозиција нема да учествува, а шефот на албанската држава, Илир Мета, пред две недели донесе одлука за нивно одлагање, поради длабока политичка криза.

– Одлуката, во согласност со правилата, поради постојаната несигурност во врска со организирањето на локалните избори во Албанија на 30 јуни и поради можни безбедносни ризици во одредени области – се наведува во електронската порака до медиумите.