Новиот грчки премиер, Киријакос Мицотакис ги именуваше денеска членовите на неговиот кабинет, доверувајќи им ги на своите соработници раководните клучни ресори во институциите во земјата, пренесе грчкиот весник „Катимерини“.

Мицотакис го избра истакнатиот пратеник од Нова Демократија, Никос Дендиас, за министер за надворешни работи, а Кристос Стаикoурас е именуван за министер за финансии.

Меѓу членовите на новата влада избрани се две жени – Ники Керамеус е министерка за образование, а Лина Медони за култура.

Никос Панагиотопулос го доби министерското место за одбрана, Такис Теодорикакос е министер за внатрешни работи, додека Василис Кикилиас ќе биде министер за здравство.

Новата влада утре ќе положи свечена заклетва.