Претседателот на македонското друштво „Илинден“ – Тирана во Собранието на Албанија

Претседателот на македонското друштво „Илинден“ – Тирана, Никола Ѓурѓај, донира комплет од весникот „Илинден“ во библиотеката на Собранието на Република Албанија.
– Ми претставуваше чест и задоволство денеска, во Собранието на Република Албанија, да се сретнам со г-ѓа Лидра Бушати, директорка на издавачката служба и собраниската библиотека. Донирав комплет од македонскиот весник „Илинден“ и други изданија на македонското друштво „Илинден“ – Тирана. Верувам дека тие ќе ја збогатат збирката на литература и периодика за националните малцинства во библиотеката на Собранието на Република Албанија. Изразувам особена благодарност до г-ѓа Линдита Никола, претседателка на Собранието на Република Албанија, која го прифати барањето за донација на македонскиот весник „Илинден“ и другите изданија на здружението за библиотеката на Собранието на Република Албанија. Се надевам дека и во иднина ќе имаме свои изданија, со кои ќе ги збогатиме фондовите наменети за малцинствата во Република Албанија – изјави Никола Ѓурѓај по тој повод.