фото: Принтскрин

Убиецот Вук Бориловиќ, масакрот во Цетиње го извршил по расправија со семејство што живеело кај него како потстанари, откако претходно настанала кавга за нерасчистени сметки и доцнење со исплаќањето на киријата, пишува Телеграф.рс.
Бориловиќ ја притискал жената што му била потстанар да ги исплати сметките што е можно поскоро, по што жената се пожалила кај нејзиниот сопруг, кој бил на пат. По овие настани, некаде околу 16 часот во куќата пристигнал пријател на семејството, по што настанала расправата, а Бориловиќ најпрвин посегнал по животот на семејниот пријател, а набрзо пукал и го убил и семејството што живеело во куќата, за на крај да излезе на улица каде започнал да пука во случајни минувачи.

Трагедија во Цетиње: Маж пукал во случајни минувачи, загинати се 11 луѓе

Во масакрот во Цетиње настрадаа 11 лица, меѓу нив и деца, а повредени се најмалку 6 луѓе, од кои три се потешко повредени и се наоѓаат во Општата болница Цетиње.