Фото: Игор Бансколиев

Албанија

Албанија е земја со најголем број семејства што немаат можност да штедат, покажало истражувањето на Централната банка на Австрија, кое опфати девет земји од регионот на Југоисточна Европа.
Околу 75 отсто од семејствата во Албанија не планираат да штедат по кризата со пандемијата, а овој тренд може да се влошува поради поскапувањата предизвикани од недостигот од енергенти и храна поради војната во Украина. Ваквата состојба влијае на поларизација на населението, во однос на луѓето во Албанија што имаат подобри финансиски можности.
Во просек, на поширокиот регион 12 отсто до домаќинствата изјавија дека нивната заштеда пораснала во текот на пандемијата, додека 33 отсто изјавиле дека заштедата им се намалила.
Во Србија и во Бугарија, исто така, има значаен процент семејства што по пандемијата на коронавирусот немаат можност да штедат.