Грција

Во три региони во северниот дел на Грција започна мобилизација на приватните лекари, кои во период од еден месец ќе помагаат во битката со пандемијата во државните болници, а според министерот за здравство Танос Плеврис, се очекува да бидат мобилизирани околу 180 лекари. Според информациите, ќе се мобилизираат пулмолози, општи лекари и анестезиолози, кои паралелно ќе имаат можност да работат и приватно, а според Плеврис, дополнително, следната седмица ќе се разгледа дали и во Атина ќе биде потребна мобилизација на приватни лекари.
Паралелно, се очекува надлежната комисија на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција да одржи состанок за да ја разгледа епидемиолошката ситуација во земјата и евентуално да препорача укинување или продолжување на актуелните мерки, воведени за време на празниците, односно ограничувањето на работното време на угостителските објекти до полноќ, забраната за музика и стоење, кои се во сила до 16 јануари.