Претседателот на Албанија, Илир Мета, предупреди дека мора да се најде решение за повеќемесечната политичка криза во таа земја и порача дека во интерес на Албанците што сакаат да го остварат своето право на избор е парламентарните избори, како и претседателските, да се одржат на 13 октомври, пренесува „Спутник“.

Мета рече дека е подготвен да се соочи со социјалистите на актуелниот премиер Еди Рама, кои веќе отворија процедури за негова смена.

– Јас ќе се кандидирам за претседател, а Рама нека кандидира кого сака и така ќе ја решиме оваа криза – изјавил Мета за приштинска „Газета експрес“.

Тој рекол дека не бара Рама да ја напуштa премиерската позиција, но истакнал дека во Албанија постои „паралелна држава“.

Мета им е благодарен на Албанците кои не влегле во замката за граѓански судир.

– Тоа не е нова замка, тоа е заплет кој не е заснован на принципите на демократијата ниту на вредностите на ЕУ и НАТО. Тоа е замка заснована на принципите на ‘длабока состојба’, чија цел е целосно заробување на државата – истакнал Мета.