Косовската влада забрани производство на криптовалути поради енергетската криза, соопшти косовската министерка за економија Артане Ризваноли. Ваквата одлука уследи по препорака на Техничкиот комитет за вонредни мерки, кој се занимава со прашањето за снабдување со електрична енергија на Косово.

Надлежните косовски институции дополнително ќе се ангажираат за запирање на производството на криптовалути на локации за кои постои сомневање дека придонесуваат за големата потрошувачка на струја.