Илустрација / Фото: Пиксабеј

Министерството за надворешни работи на Украина денеска ги демантираше наводите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за вмешаност на Киев во лажните дојави за бомби во патнички летови за Русија.

Портпаролот на министерството, Олег Николенко, за „Укринформ“ изјави дека станува збор за неосновани обвинувања.

Тој посочи дека изјавите на Вучиќ за наводна вмешаност на Украина во дојавите за бомби во авионите кои летаат од Србија за Русија се неточни.