Босна и Херцеговина

Во Бундестагот беше официјално потврдено – Германија размислува да испрати воен контингент во Босна и Херцеговина, во рамките на ЕУФОР. Берлин тоа го оправдува со грижата за мирот и стабилноста на БиХ, пренесуваат босанските медиуми.
Го поздравуваме зајакнувањето на воената мисија во БиХ и размислуваме за вклучување на германската армија во операцијата. Германија е загрижена поради плановите за сецесионизам. Тоа е напад врз единството, мирот и стабилноста на БиХ, Западен Балкан и Европа – изјави Ана Лирман, државен секретар за Европа во германското министерство за надворешни работи на седницата на Бундестагот посветена на БиХ.
Германските војници веќе беа во БиХ до 2012 година, а нивното враќање официјално го побара Денис Звиздиќ, член на раководството на Претставничкиот дом на Собранието на БиХ, за време на неговата посета на Берлин.