Фото: Принтскрин

Поранешниот косовски претседател и еден од лидерите на ОВК, Хашим Тачи денеска пред Специјалниот суд се изјасни како невин, околу новите обвинувања од потврдениот дополнет обвинителен акт, објавено е на сајтот на Специјализираните совети.

Пред судот денеска ќе се појават и Кадри Весељи, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, јави „Коха“. Специјалното обвинителство на 29 април 2022 година поднесе изменето обвинение против Тачи, Весељи, Селими, Красниќи.

Хашим Тачи и Кадри Весељи се соочуваат со казна доживотен затвор

Новите обвиненија се однесуваат на воени злосторства и злосторства против човештвото во Гњилане, Будаково и во Семиниште.

Како и во претходното, така и во новото обвинение, четворицата се товарат за убиство, мачење, нехуман третман и противзаконско апсење, како и за низа злосторства извршени во неколку притворни центри во периодот од 1998 до 1999 година.

Од ноември 2020 година, тие се во притвор на Специјалниот суд.

Судењето на Хашим Тачи ќе почне годинава, а ќе трае пет години