Фото: Твитер

Еден човек е повреден, а неколку згради се оштетени во експлозија во центарот на Атина, која утринава предизвика пожар, соопштија официјални лица и очевидци.

Едно лице се здобило со изгореници и било пренесено во болница, изјави за телевизија „Скај“ шефот на грчкиот национален центар за брза помош, Џорџ Матиопулос.

Според официјални претставници на противпожарната бригада, засега не е јасно што ја предизвикало експлозијата или пожарот.

– Имаме пожар, пред кој имаше експлозија – изјави на лице место командирот на противпожарната единица.

Сè уште не знаеме што ја предизвикало, а има поголема материјална штета, изјави претставник на противпожарната бригада за „Скај“.