Демонстранти се обидуваат да упаднат во бугарскиот парламент, откако го пробија полицискиот кордон пред зградата на протестите против воведувањето на ковид-сертификати. Скандирајќи „оставка“, тие стигнале до влезот на Народното собрание по завршувањето на седницата, известуваат бугарските медиуми.

Незадоволните граѓани тропаат на прозорците и вратите, додека полицијата се обидува да ги задржи надвор. Во зградата се присутни пратениците..

Организаторите повикуваат да се смират тензиите, додека во немирите има повредени.