Фото: принтскрин

Црногорската полиција соопшти дека врз основа на прибраните сознанија постојат индиции, и врз основа на изјави на лица од непосредното опкружување на В.Б., кој уби 10 лица во Цетиње, укажуваат на промени во неговото однесување, за кое му бил закажан специјалистички преглед, но не и дека постои можност за потенцијално извршување на криминал.

– Нема информации, ниту пак било пријавено во полиција дека имало претходни конфликти, ниту пак некој претходен напад во последниот период на В.Б. врз семејството на закупецот и затоа ова тешко кривично дело не треба да се поврзува причински-последично со никакво незаконско однесување од претходниот период, соопшти Управата на полицијата.

Врз основа на досега спроведените истражни дејствија, изјави и прибрани информации, В.Б. во петокот околу 15 часот и 30 минути извршил телефонски разговор со друго лице чиј идентитет засега не се соопштува поради заштита на жртви и сведоци, а во кој меѓу другото објавил дека убил семејството кое живеело со него во неговата куќа. На тој разговор му претходел друг разговор, чија содржина и идентитет полицијата од безбедносни причини засега не сака да се изјасни, но кои ги потврдуваат претходните наводи.

Кога пристигнала полицијата, В.Б. (34) пукал во нив, а тие одговориле со околу 20 куршуми. При размената на оган еден полицаец бил застрелан во главата, а истрагата утврдила дека еден од куршумите испукани од полицајците тешко го ранил В.Б.

Полицијата посочува дека по размената на оган меѓу нивните членови и убиениот В.Б, „според нивните изјави и пријави“, во еден момент престанал да го употребува оружјето. Тоа го потврдува и изјавата на сведокот, кој телефонски разговарал со В.Б. а овој му рекол дека убил голем број луѓе, дека е тешко ранет и дека мисли дека нема да преживее.

Во соопштението се нагласува дека се уште се утврдуваат околностите дали смртта на В.Б. настанала како последица на тешко ранење или последователен проектил, кој бил испукан од сограѓанин на сè уште неутврден начин и дека во оваа смисла полицијата има одредени податоци и индиции кои се проверуваат со понатамошни полициско-обвинителски активности.

Бориловиќ бил погоден со пет куршуми и имал дозвола за оружјето

Според сознанијата на подгоричкиот весник „Вијести“, обдукцијата покажала дека имало најмалку пет влезни рани, а со кое оружје било пукано во Бориловиќ и кои рани биле смртоносни ќе проценуваат балистички експерти и патолозите.

„Вијести“ дознава дека Бориловиќ имал дозвола за оружјето со кое го извршил невидениот масакр во Цетиње, бидејќи имал дозвола за оружје како ловец.

Еден од ранетите во масакрот во Цетиње е во животна опасност

Клиничкиот центар на Црна Гора соопшти дека кај нив се лекуваат четворица пациенти – тројца се на интензивна нега, а еден од нив е во животна опасност. Двајца пациенти во цетинската болница се надвор од животна опасност.

Еден од ранетите пациенти, хоспитализиран во Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ), во моментов е стабилен, надвор од животна опасност и е сместен на Клиниката за неврохирургија, пренесува „Вијести“.

-Вториот пациент по приемот е хируршки третиран, има повреди на мозочните и коскените структури на главата и градниот кош, животот му е загрозен и се наоѓа на Централното одделение за интензивна нега – велат од КЦЦГ.

-Третиот пациент има повреда на абдоминалните органи, главно на црниот дроб, хируршки е третиран и е на понатамошна интензивна терапија и мониторинг, исто така е сместен на одделението за интензивна нега. Четвртиот пациент има повреди на вратот и градниот кош, отворена скршеница на десната надлактица, исто така е хируршки третиран и се уште бара лекување на одделението за интензивна нега – соопштуваат од Клиничкиот центар.