Црна Гора има залихи на храна и гориво за следните два-три месеци, изјави денеска државниот секретар во Министерството за економски развој на Црна Гора, Милена Липовина Божовиќ.

– Ќе ја следиме ситуацијата на терен, доколку има потреба ќе реагираме, сето тоа согласно законските прописи – изјави таа на прес-конференција.

Божовиќ додаде дека земјата е осудена да ги трпи последиците од она што се случува на глобално ниво.

– Сега тоа дополнително се изразува поради украинската криза и за очекување е притисокот врз цените да биде поголем – истакна Липовина Божовиќ.