Босна и Херцеговина

Босна и Херцеговина има сѐ помалку запишани ученици во основните и средните училишта. Бројот на учениците во последните десет години е намален за 20 отсто, во споредба со последните десет години, покажуваат податоците на Заводот на статистика на БиХ. Лани во земјата имало 93.000 помалку ученици во споредба со пред десет години. Причините за намалениот број на ученици се поради падот на наталитетот, миграцијата, лошата социјална и економска состојба. Состојбата е слична во двата ентитета, Федерацијата на БиХ и Република Српска.
За алармантната состојба потврдува и изјавата на учителката Нарциса Хотовиќ-Глухачевиќ, во околината на Горажде, на истокот на БиХ. Во овој регион пред дваесет години имало двапати повеќе ученици.
– Кога почнав да работам, наставата се одвиваше во комбинирани одделенија, кои имаа повеќе ученици. Годинава во петто одделение имавме само двајца ученика. Во прво одделение се запишани две деца, а тоа нѐ прави и среќни, затоа што имаме некого да подучуваме – вели Хотовиќ-Глухачевиќ.
Есмина Исаковиќ, професорка во едно основно училиште во Сараево, вели дека опаѓачкиот тренд на ученици трае со децении, но последните години зазема загрижувачки размери.
– Во моето училиште пред војната одеа илјада ученици. Имавме и подрачно училиште. Денес имаме само 560 деца, а подрачната единица е затворена – вели Исаковиќ за Радио Слободна Европа.