Фото: Принт-скрин

Анархистичката група „Илјадници сонца на ноќта“ ја презеде одговорноста за поставениот импровизиран експлозивен механизам што минатата среда предизвика пожар во зграда во Атина на групацијата „Real“, каде што се наоѓаат канцелариите на весникот „Real news“ и радиото „Real fm“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во опширниот текст објаснуваат дека причината за нападот е двегодишнината од смртта на 26-годишното момче, кое според медиумите во Грција, им подлегнал на повредите во 2020 година откако бил претепан од полицајци.

Групата која ја презеде одговорноста во опширниот текст, детално го опишува нападот, ѝ се извинува на вработената во радиото „Real fm“, која беше полесно повредена и велат дека нивната цел не била да постојат жртви или повредни.

Истата група стои зад три други инциденти со предизвикани пожари во банки, канцеларија на Нова демократија и на автомобил во ноември 2020 година, во јули 2021 година и во мај годинава.