фото: Пекселс / Илустрација

Албанското Министерството за Европа и надворешни работи ги советува албанските граѓани да не патуваат во Украина.

исто време, министерството ги повикува албанските граѓани кои се во Украина што поитно да ја напуштат оваа земја, a за контакт за помош може да се обратат на неколку телефонски броеви и електронска пошта, што ги објавува во соопштението.

– Се повикуваат албанските граѓани да се информираат преку каналите за комуникација на Министерството за Европа и надворешни работи – се наведува на крајот од соопштението.