Фото: Твитер/Абазовиќ

Односите меѓу Црна Гора и Србија се приоритет, изјави денеска црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, кој се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ на Светскиот економски форум во Давос.

-Односите со Србија се приоритет – подготвени сме за интензивна соработка во сите области од заеднички интерес-напиша Абазовиќ на Твитер.

Абазовиќ напиша дека Црна Гора прави максимални напори да промовира политика на регионална соработка, помирување, соживот и подобри економски врски на Западен Балкан.