Земји од поранешна Југославија се согласија да ја зајакнат соработката во идентификување на илјадниците луѓе кои исчезнаа за време на војните во 90-тите години од минатиот век.

Претставници на Србија, Хрватска, Босна, Косово и Црна Гора потпишаа договор со кој се прецизира како ќе работат заедно.

Околу 12.000 од вкупно 40.000 исчезнати во годините на распадот на Југославија се уште се неидентификувани. Остатоците на околу 4.000 од нив се уште се чуваат во мртовечниците во регионот.

Поранешните југословенски републики се договориле да разменуваат информации и да им дозволат на претставниците на повеќе од една земја да учествуваат во ексхумација на евентуални гробови.

Меѓународната комисија за исчезнати лица со седиште во Хаг ќе помага во идентификување на жртвите преку проверка на ДНК, ќе раководи со размената на информации и ќе обезбеди поддршка за базата на податоци.