Експертите сметаат дека балканските земји не се подготвени за следниот голем земјотрес, се наведува во текстот „Лекции од албанскиот земјотрес- Балканот не е подготвен за голем земјотрес“, што го објави „Њујорк тајмс“.

Од Букурешт до Софија и на Балканот, голем број влади не успеаја да ги решат ризиците што ги претставуваат зградите кои би можеле лесно да се срушат ако дојде до силен земјотрес, се вели во статијата.

Њујоршкиот весник потсетува на земјотресот на 26 ноември во Албанија со јачина од 6,4 степени, во која загинаа повеќе од 50 луѓе, а повеќе стотини останаа без покрив над главата.

– Трагедијата испраќа јасно предупредување за регионот кој беше погоде од многу посилни земјотреси во минатото, а експертите сметаат дека балканските земји не се подготвени за следниот голен зејотрес – се наведува во текстот.

Според експертите, властите во регионот го поттикнале градежниот бум по ’90-тите години, кога безбедносните стандарди беа често менувани во потрага по брз профит. Како резултат на тоа, милиони луѓе живеат во домови за кои е малку веројатно дека ќе издржат силен земјотрес.

Основачот на првата романска невладина организација „Ре:Рисе” специјализирана за намалување на сеизмичкиот ризик, Метју Сумбасаку, вели дека само во Букурешт постојат 349 структури со висок ризик, кои веројатно би се урнале во случај на силен земјотрес. Станува збор за стамбени комплекси и други згради кои би претрпеле големи штети.

Од софискиот Универзитет за архтектура, градежништво и геодезија велат дека Бугарија е можеби поподготвена од некои други земји во регионот за силни земјотреси, но изразуваат загриженост поради новоизградените згради.