Словенија побарала да се поништи уредбата со која Европската комисија ѝ дозволува на Хрватска да се користи називот „теран“ на етикетите на вино со потекло од хрватска Истра. Вчера пред општиот суд на Европската Унија требаше да се одржи првата усна расправа по тужбата на Словенија против ЕК, во врска со заштитеното вино „теран“. Исходот на тужбата е неизвесен, иако од словенечката влада сметаат дека располагаат со добри аргументи, објави „Хина“.

Хрватската новинска агенција потсетува дека Словенија бара да се поништи делегираната уредба со која комисијата во 2017 година дозволи Хрватска да го користи називот „теран“ на етикетите на вината произведени од територијата на Истра. Словенија при влегувањето во ЕУ се избори за статусот на заштитено потекло на своето црно вино, кое се прави од грозјето од сортата „рефошк“, кое потекнува од словенечкиот регион Крас.

Покрај претставниците од Словенија, на расправата во судот во Луксембург своите аргументи ќе ги изложат и Словенија и ЕК, а пресудата може да се очекува во текот на следната година, информираат словенечките медиуми.