Претседателот на Европската комисија, Жан Клод-Јункер доаѓа во прва официјална посета на Хрватска, пред истекот на неговиот мандат.

Како што јавуваат хрватските медиуми, тој за време на посетата ќе се состане со премиерот Андреј Пленковиќ и со претседателката, Колинда Грабар-Китаровиќ.

Јункер во Хрватска ќе пристигне во четврток, по посетата во Љубљана.