Тензиите меѓу Турција и Грција може да бидат избегнати, ако Атина престане да верува дека Егејското Море е целосно грчко, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим во интервју за неделното издание на грчкиот весник „Вима”.

– Главниот извор на тензии меѓу Турција и Грција е грчкото сфаќање дека Егејското Море е целосно грчко море, притоа игнорирајќи ги законските права на Турција и нејзините легитимни интереси како крајбрежна земја – посочи турскиот премиер.

Според него, избегнувањето тензии во Егејот не може да се постигне само со напори од страна на Турција.

– Секоја од двете држави знае за чувствителноста на другата. Ние треба да сфатиме дека мирот е во интерес и на двете страни – додаде Јилдирим.