Од понеделник, Хрватскиот кризен штаб на Јадранот воведува нови и построги мерки против ширењето на коронавирусот. Во овој дел од Хрватска има највисока стапка на заразени, а најниска стапка на вакцинирани. Овој дел од Хрватска спаѓа во портокаловата зона на мапата на ЕУ.
Новите мерки ќе бидат воведени пред сѐ поради спречување масовни собирања со оглед на тоа што најголемиот број новозаразени се од вакви собири. Максималниот број лица што ќе можат да се соберат на едно место без корона-потврди ќе биде 50, наместо досегашните 100.
Поради непочитување на епидемиолошките мерки во Црна Гора и зголемениот број новоинфицирани, од вчера до 2 август властите ќе воведат привремена забрана за работа на ноќните клубови и дискотеките, објави подгоричкиот весник „Вијести“. Забранети се забавите и музичките фестивали, како и сите масовни собири во затворени простории. Доколку продолжи трендот на прекршување, ќе се разгледа нивното укинување или дополнително ограничување, пишува весникот.
Црна Гора бележи пораст на бројот на новоинфицирани, 65 во четвртокот. Вкупниот број заразени моментално изнесува 421.