Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изјави дека Црна Гора ќе ги преиспита односите со Европската унија доколку во Брисел почне да се менува мислењето за проширување.

Негирајќи ги наводите дека е евроскептик, Ѓукановиќ посочи дека Унијата ја доживува како привилегиран партнер, но дека тоа партнерство мора да се докаже обострано.

– Не станува збор за евроскептицизам, туку за повикот да бидеме партнери. Црна Гора, Унијата ја доживува како привилегиран партнер, бидејќи им дозволуваме да ни кажат што и како да правиме, наведе црногорскиот претседател.