Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ изјави дека таа држава ќе биде првата следна членка на Европската унија.

Обраќајќи се пред студентите на Оксфорд, Ѓукановиќ рече дека единствено обединета Европа е стабилна Европа. Тој истакна дека Црна Гора не е оптоварена со рокови и оти без разлика дали ќе биде или не членка на ЕУ, на своите граѓани ќе им обезбеди европски стандарди.

Коментирајќи ги односите меѓу Москва и Подгорица, Ѓукановиќ посочи дека и покрај дипломатската традиција и пријателството од неколку векови, поради судирите на глобалната сцена, изгубена е можноста за Црна Гора да балансира меѓу традиционалното пријателство и одлучноста да живее во нов вредносен кодекс.