Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ му ги врати на Собранието усвоените закони, меѓу кои и Законот за слобода на вероисповед, на повторно одлучување.

Причина за тоа, како што се наведува, е отвореното прашање за кворум на седницата на која биле усвоени тие закони, како и правното прашање за мандатот на двајца пратеници.

Во образложението се наведува дека согласно член 90 став 3 од Деловникот на Собранието на Црна Гора, пропишано е дека кворумот се утврдува со примена на системот за електронско гласање, на таков начин што секој пратеник е должен лично да се идентификува (регистрира) со вметнување лична карта на седиштето или врз основа на евиденцијата на генералниот секретар на Собранието.

– Затоа, прашањето е дали имало кворум на почетокот на седницата и усвојувањето на нејзината агенда, а со тоа и прашањето за демократскиот легитимитет, како и усогласеноста на донесените закони со Уставот на Црна Гора и применливите законски прописи – рекол Ѓуканови во изјава за Танјуг.