Гори во близина на грчката престолнина Атина.

Властите евакуираа неколку подрачја северно од Атина откако пожарот ги зафатил шумите и се доближил до куќите.

Со пет канадери и четири хеликоптери се гасеа пожарите во подрачјата Стамата и Родополи, 30 километри североисточно од главниот град.

Жителите на ова подрачје примиле предупредување на мобилните телефони и се повикани вратите и прозорците да ги држат затворени што е можно подолго за да не би биле изложени на чад.