Министерот за Европа и шеф на дипломатијата, Дитмир Бушати е назначен за главен преповарач со Европска унија, откако вчера Албанија го почна процесот на скрининг за подготовка на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, кои се очекува да се отворат во јуни следната година.

Во исто време, Владата за технички преговарач го назначи Генти Цакај, заменик министер за Европа и надворешни работи, кој е од Косово, а на оваа функција дојде од местото советник за надворешна политика на премиерот Еди Рама.

Министерот Бушати во првата своја изјава во својство на главен преговарач со ЕУ, оцени дека „процесот е тежок но предизвикувачки“ и оти земјата е подготвено успешно да го спроведе тој процес.

Тој се задржа и околу прашањето за договорот со Грција околу морската граница, при што не даде одредница кога преговорите ќе завршат.

Според него преговарачките тимови разгледуваат три документи, за морската граница, за граничните камења и менаџирање на граничните инциденти. Со овие договори, смета тој, ќе бидат затворени сите прашања за кои се разговара.