Претседателот на турското национално собрание Мустафа Сентоп изјави дека повеќе од 30.000 полицајци се отпуштени од работа во рамки на борбата против Организацијата Фетулахчи (ФЕТО), која турските власти ја сметаат одговорна за обидот за пуч во Турција во 2016-та година.

Сентоп рече дека третина од отпуштените биле високи полициски службеници.

– Слично на тоа, 1.866 од нив се вон должност заради истрагите кои се водат за нив – рече Сентоп. Тој истакна дека 10.311 службеници биле вратени на работа, откако не се пронајдени докази за нивната активност“.