Чилеанските власти го одобрија учеството на приштинската делегација на Генералното собрание на Интерпол, што ќе се одржи во Сантијаго од 15 до 18 октомври, објави РТС.

Минатогодишниот обид на Приштина да стане полноправен член на Интерпол беше неуспешен, бидејќи оваа иницијатива не го доби потребното мнозинство гласови.

Претходно, српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, изјави дека не се направени никакви измени од последното Генерално собрание на Интерпол во Дубаи, со што би се сменила одлуката за неприфаќање на Косово.

Тој, исто така, потсети дека евентуалниот прием ќе доведе до политизација на таа професионална полициска организација и дека една од далекусежните последици би била издавање налози за апсење засновани врз политички, а не полициски критериуми.