Четири лица се повредени во напад со нож утрово во Атина. Грчката полиција го уапсила напаѓачот, кој самиот им се предал, јавуваат грчките медиуми.

Нападот се случил во предградието на Атина кога 54-годишен маж случајно почнал да прободува луѓе со нож пред продавница, при што повредил четири лица.

Повредените биле пренесени во болница по нападот, а на самото место сè уште се гледаат траги од крв, расфрлани шишиња и хартии. На повредените минувачи им помагале вработени во блискиот фризерски салон и минувачи.

По нападот, мажот отишол дома и повикал полиција, пренесуваат грчките портали.

– Дојдете, прободев луѓе, ќе се самоубијам – наводно им кажал напаѓачот на полицајците.

Медиумите јавуваат дека полицијата упаднала во неговата куќа и го нашла како си ги сече вените. По укажаната прва помош на самото место со цел да се запре крвавењето, тој бил пренесен во болницата.

Според написите, напаѓачот бил наркоман со психолошки проблеми, кој избегал од психијатриската болница во Дафне во декември, каде што се лекувал.