Четири лица загинаа во тешка сообраќајка меѓу автобус и камион, што утринава се случи во Србија на патот Приштина-Ниш. Двајца од загинатите се возачите, а двајца се патници во автобусот на „Ниш експрес“.

Сударот се случил околу 06.45 часот утринава, по што автобусот пламнал во оган и целосно изгорел.

Според првичните информации до сударот дошло откако автобусот ненадејно влегол во спротивната лента на коловозот.

-Бевме позади камионот кога автобусот прејде на наша страна и удри во камионот. Се обидовме да го изгасиме пожарот кој изби од кабината на камионот, но не успеавме. Осумина од нас се обидуваа да го изгаснат пожарот и да ги извлечат повредените  – вели очевидец за српските медиуми.