Лекарите во Клиничкиот болнички центар „Ребро“ во Загреб успешно одвоија сијамски близнаци, кои ги операраа 14 лекари цели 15 часа.

Валентина и Кристина се родени споени во долниот дел од градниот кош и имаат заеднички црниот дроб и црева. Нивното одделување, според лекарите, било една од најкомплицираните медицински процедури. За само два месеци од операцијата, девојчињата напредуваат и двојно е зголемена нивната тежина.

Покрај тоа што бебињата се родиле споени, проблем било тоа што тие се родиле предвреме, но имале и неизбалансирана циркулација. Според лекарите, станува збор за многу редок случај. Според нив, се забележани околу 16 проценти на близнаци со споени црева.

-Ова е втор случај на светот каде близнаци беа споени со црниот дроб и со цревата. Во првиот случај преживеа само еден од близнаците, а нашите девојчиња се живи и засега напредуваат добро- вели д-р Ружа Грижељ за ,,Јутарњи лист”.