Грчката полиција уапси четири лица под сомнение дека учествувале во вчерашниот напад врз градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис.

Прво беа уапсени еден 20-годишен и еден 36-годишен маж, а доцна синоќа и уште две други лица, од кои едно 17-годишно момче.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, четворицата ќе бидат изнесени пред јавен обвинител и ќе одговараат за нарушување на јавниот ред и мир, нанесување телесна повреда и предизвикување штета.

Бутарис, вчера беше вербално и физички нападнат од група граѓани за време на манифестацијата за одбележување на годишнината од геноцидот на пондските Грци, во центарот на Солун.