Телата на четворица руски туристи се пронајдени во хотел на брегот во западна Албанија.

Полицијата соопшти дека туристите биле пронајдени задушени во хотелска сауна. На распит е целиот персонал на хотелот и истрагата е во тек.

Руските туристи, на возраст меѓу 31 и 60 години, биле дел од групата што поминала една недела на одмор во хотел со пет ѕвезди, пишува Гардијан.

Истражителите веруваат дека луѓето пронајдени мртви припаѓаат на исто семејство врз основа на нивните презимиња. Станува збор за двајца мажи и две жени.