На конкурсот на косовското Министерство за одбрана за прием на 650 војници, се јавиле повеќе од 5.000 кандидати, а заменикот-министер за одбрана, Агим Чеку тврди дека имало заинтересирани од сите заедници во Косово, вклучувајќи ги и Србите, објави РТК.

– Да, конкурираа од сите заедници, се разбира дека има и Срби, рече Чеку за Лајми.нет.

Минатата година, од 137 Срби, кои станаа припадници на Безбедносните сили на Косово (КБС), околу педесет од нив, по притисокот од Белград, побараа да ја напуштат воената служба во тие сили.

Повик до косовските Срби да не бидат дел од војската на Косово вчера упати српскиот претседател Александар Вучиќ, објави РТК.