Никој не ќе може да ја спречи Турција во спроведувањето на воената операција во северна Сирија, изјави денеска во Триполи турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

– Како што никој не можеше да не спречи да ја спроведеме операцијата „Еуфратски штит“, за време на која уништивме над 4.000 терористи на Исламската држава и како што не можеа да не запрат при операцијата „Маслиново гранче“, така никој нема да не спречи да спроведеме операција источно од реката Еуфрат (во Сирија), изјави Чавишоглу, кој престојува во посета на Либија

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на 12 декември најави дека „за неколку дена“ Турција ќе започне воена операција во реоноте во северна Сирија источно од Еуфарт, против Силите за заштита на народот на сириските Курди.

По ваквите најави, Анкара беше изложена на притисоци од страна на нејзините сојузници да се откаже од офанзивата, по што Ердоган вчера соопшти дека Турција ќе ја одложи оваа операција „за неколку месеци“.

Анкара ги смета Силите за заштита на народот за сириски огранок на Курдската работничка партија (ПКК), која од 80-те години на минатиот век води вооружена борба за автономија на Курдите во Турција. ПКК е на листата на терориситчки организации на Турција, САД и ЕУ.